Здравство

Завршен е стручниот надзор во Детската клиника, Таравари го чека извештајот

23.12.2024 16:01

Стручната комисијата денеска ја чешлаше Детската клиника за смртта на седуммесечното бебе. Министерот Таравари го чека извештајот. Опозицијата и денеска го повика министерот да поднесе оставка поради зголемениот број смртни случаи…

Завршен е стручниот надзор на Клиниката за детски болести, се чека извештајот којшто треба да го состават четворица професори и кој ќе открие што навистина се случувало на детската клиника и која е причината за смртта на седуммесечното бебе.

Министерот се надева дека нема лекарска грешка.

СДСМ бара оставка од Таравари. Од опозициската партија велат дека само во втората половина од годинава животот го загубиле 19 бебиња и едно петгодишно девојче.

„Овие бројки се застрашувачки и отвораат прашања кои бараат итни одговори: каде затајува системот, како се направени пропустите и дали постои прикривање на лекарски грешки? Го повикуваме Министерството за здравство и сите надлежни институции да преземат итни мерки за заштита на здравјето на децата, а министерот Таравари да си поднесе оставка“, велат од партијата.

Таравари сè уште не бил во Клиниката за респираторни заболувања кај деца „Козле“. Ќе оди наредната недела да види што се случува откако дел од вработените побараа разрешување на директорката.

Наташа Јанчиќ – Менковски