Забрани за тешки возила на Стража, Пресека, Ѓавато и Буково
Забрани за движење на товарни моторни возила воведени се повеќе патни правци низ државата...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Забрани за движење на товарни моторни возила воведени се повеќе патни правци низ државата и тоа Дебар – Маврово, Охрид – Кичево (Пресека), Кичево – Гостивар (Стража), Тетово – Попова Шапка (забрана за ТМВ, за сите останати видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема) и Битола – Ресен (Ѓавато), додека во прекин е сообраќајот Охрид-Ресен, поради сообраќајна незгода.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.
Од Диспечерскиот- информативен центар на ЈП Македонија пат, пак, информираат дека од 18.15 часот се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос.
