Романија

Изгласана новата проевропска коалициска влада во Романија

24.12.2024 08:29

Новата коалициска влада се согласи да имаат еден претседателски кандидат и заеднички да го номинираат Крин Антонеску откако ќе го утврдат датумот за нови претседателски избори во земјата...

Изгласана новата проевропска коалициска влада во Романија, предводена од премиерот Марсел Чолаку кој со новите министри положи заклетва ветувајќи просперитет за народот и ставање крај на политичка криза по поништувањето на претседателските избори од Уставниот суд. Нивната мисија е да обезбедат стабилност и да ја одржат проевропската траекторија на земјата-истакна претседателот Јоханис.

„Сите сакаат стабилност и зачувување на евроатлантскиот пат на Романија по секоја цена, и во тој поглед ве замолувам да постапите соодветно. Има многу предизвици кои треба да се решат, но два се вредни за спомнување-Буџетот за 2025 и утврдување на календарот за избор на претседател“, изјави Клаус Јоханис, романски претседател.

Новата коалициска влада се согласи да имаат еден претседателски кандидат и заеднички да го номинираат Крин Антонеску откако ќе го утврдат датумот за нови претседателски избори во земјата.