Украина

Зеленски со обвинувања до Фицо за рускиот гас

24.12.2024 08:33

Украина најави дека нема да го обнови договорот за транзит на гас преку Украина по истекот на 31 декември...

Зеленски го обвини словачкиот премиер Фицо дека сака да му помогне на Путин да заработи пари за финансирање на војната откако тој се врати од Москва со потврда на Путин дека Русија е подготвена да продолжи со испорачување гас за Словачка.

„Ние се бориме за животи, Фицо се бори за пари. Договорите во сенка со Путин се или тргување со државни интереси или работење за лична корист. Му дадовме понуда за евентуална компензација за загубите од рускиот транзит, алтернативи за транзит – за кој било гас освен рускиот, на барање на Европската комисија. Бевме подготвени на тоа, но Фицо одби“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Украина најави дека нема да го обнови договорот за транзит на гас преку Украина по истекот на 31-ви декември.