АМСМ

Сообраќајот на патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег

24.12.2024 08:33

Забрани за тешки товарни возила се воведени на патните правци Дебар – Маврово, Кичево – Гостивар на превојот Стража и Тетово – Попова Шапка каде за останатите возила е задолжителна зимската опрема...

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.

Забрани за тешки товарни возила се воведени на патните правци Дебар – Маврово, Кичево – Гостивар на превојот Стража и Тетово – Попова Шапка каде за останатите возила е задолжителна зимската опрема.

Од 07:30 часот поради врнежи од снег се воведува забрана тешки товарни возила и преку планинскиот превој Барабарос.

Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека на патниот правец Страцин-Куманово има магла поради што видливоста е намалена од 100 до 150 метри.