Нови напади во Газа, Тел Авив се закани на Хутите
Во истовреме, Хутите во Јемен изјавија дека ќе продолжат со нападите врз Изреал додека не извршат притисок за прекин на огнот во Газа. Тел Авив потврди дека се блиску до договор со Хамас, но се заканија дека ќе ги убијат лидерите на Хутите доколку продолжат со ракетирања...

Нови напади во северна Газа. Палестинците тврдат дека израелските сили детонирале две возила во близина на болницата Камал Адван ранувајќи десетици пациенти и медицински персонал. Во истовреме, Хутите во Јемен изјавија дека ќе продолжат со нападите врз Изреал додека не извршат притисок за прекин на огнот во Газа. Тел Авив потврди дека се блиску до договор со Хамас, но се заканија дека ќе ги убијат лидерите на Хутите доколку продолжат со ракетирања.
„Ги поразивме Хамас, Хезболах, ги залепивме одбранбените системи во Иран и ги оштетивме производните системи, го соборивме режимот на Асад во Сирија, сериозно ја погодивме оската на злото – а исто така силно ќе ја нападнеме терористичката организација Хути во Јемен, која останува последната што стои и пука во Израел. Ќе ја удриме нејзината стратешка инфраструктура и ќе ја отсечеме главата на раководството – исто како што направивме со Ханије, Синвар и Насрала во Техеран, Газа и Либан“, изјави Израел Кац, министер за одбрана на Израел.
Израел ја продолжи вонредната состојба во земјата за уште една година и одвои буџет од 9 милијарди долари за покривање на трошоците за војната.
