Вевчани доби Академија на уметност

28.07.2014 14:07

Вевчани доби своја Академија на уметности која свечено започна со работа во петокот, а е насловена како „Академијата на убавите уметности Вевчани“...

Новата културолошка- научна институција е составена од седум секции а во нив  членуваат реномирани научници, универзитетски професори и уметници. Целта е да се развиваат креативните потенцијали и способности особено кај младите и талентирани луѓе.

„Со ова Вевчани не само штто се гордее туку и се вбројува во редот на малкуте духовни простори во кои се размножува убавината за да го вознесе човекот во нашиот живот но и да се забележи стожерот на духовната македонска мапа, смета градоначалникот Цветомир Угриноски“, изјави Цветомир Угриноски, градоначалник на Вевчани.

Вевчани е симбол на непокорот, лулка на македонштината, место каде се чува и негува македонската историја, традиција и уметност.

„Тука не престанува приказната за Вевчани таа продолжува и денес во овие сложени времиња и опкружување. Таа продолжува со развојот на  нови идеи нови визии со една единствена заедничка мисла  добро и среќно да се живее а различноста да даде придонес кон опстанокот на овој народ“, истакна проф. д-р. Јован- Жан Стефановски претседател на Иницијативниот одбор.

Финансирањето на оваа академија ќе се остварува преку донаторства и изработка на проекти, а Општина Вевчани веќе преуредува простории за потребите на идните избрани членови на Академијата на убавите уметности.

Јованчо Наумоски