регион

Снежно невреме го зафати Балканот

24.12.2024 11:36

Поради снегот, сообраќајот е целосно запрен меѓу четири општини во југозападна Босна, како и на граничниот премин кон Хрватска, каде што се предвидуваат уште посериозни временски непогоди до крајот на денот...

Снежното невреме што го зафати Балканот предизвикува значителни проблеми на патиштата во Хрватска, Босна и Херцеговина и во Србија. Поради снегот, сообраќајот е целосно запрен меѓу четири општини во југозападна Босна, како и на граничниот премин кон Хрватска, каде што се предвидуваат уште посериозни временски непогоди до крајот на денот. Властите во Србија пак, издадоа црвен метеоаларм на западот од земјата.

Активиран е и системот за итни СМС пораки до граѓаните и зајакнување на зимските служби. Издадени се предупредувања за можни прекини на струјата и апели за внимателно движење по влажните коловози.