Турција

Пожар по експлозија во фабрика за производство на експлозиви во Турција, најмалку 12 загинати

24.12.2024 11:12

Несреќата се случила во погонот за производство на муниција, а од силината на детонацијата се урнала целата зграда...

Најмалку 12 лица загинаа, а четворица се повредени откако избувнал пожар по експлозија во фабрика за производство на експлозиви во провинцијата Баликесир, во северозападна Турција. Несреќата се случила во погонот за производство на муниција, а од силината на детонацијата се урнала целата зграда. Надлежните се обидуваат да утврдат дали во објектот сè уште има луѓе кои не се евидентирани.

Властите соопштија дека се назначени четворица јавни обвинители да ги истражат причините за експлозијата.