Клиника за ортопедија

Извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори

24.12.2024 13:02

Интервенцијата е извршена кај 47-годишна пациентка, со стара повреда на ахилова тетива. Пациентката е со уреден постоперативен тек.

На Клиниката за ортопедија е извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори. Интервенцијата е извршена кај 47-годишна пациентка, со стара повреда на ахилова тетива. Пациентката е со уреден постоперативен тек.

Како што соопштуваат од Министерството за здравство, трансплантацијата е извшена под водство на д-р Ерен Сејфула, заедно со д-р Александар Савевски и д-р Бојан Будиќ, анестезиолог д-р Лилјана Ангелевска, во соработка со д-р Милена Богоевска, болнички координатор за ортопедија и одговорна за ткивна банка.