ОН бара безусловен прекин на огнот во Газа

28.07.2014 14:21

Советот за безбедност во Њујорк на итна седница за состојбата во појасот Газа. Со декларацијата која е потпишана од сите 15 членки на Советот за безбедност се повикуваат двете завојувани страни да го прекинат огнот за време на празникот Рамазан Бајрам.

„Советот за безбедност бара итен прекин на огнот и почитување на меѓународното и хуманото право поради ескалацијата на состојбата во Газа и растот на бројот на цивилни жртви. Ги повикуваме сите учесници во конфликтот да прифатат целосно спроведување на примирјето“, изјави Јуџин Ричард амбасадор во ОН.

Иако неколкупати двете страни се согласија на примирје, по неколку часа тоа беше кршено. Состојбата во Газа е крајно тензична од почетокот на крвавите судири на 1.000 Палестинци го загубија животот а расте и бројот на загинатиизраелски војници.