Одбрана

Стабилно буџетирање, модернизација и подмладување на армискиот состав, приоритети во 2025-та

24.12.2024 16:24

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска ги презентираше трите приоритетни столбови на кои почива одбраната и Армијата – стабилното буџетирање, интензивната модернизација и опремување и развојот на човечкиот капитал. Министерот најави дека во 2025 година Армијата ќе се подмлади со 300 нови професионални војници со што, како што рече, се подобрува и борбената готовност…

Стабилно буџетирање, модернизација и дополнување на армискиот состав ќе бидат приоритетите на одбраната во 2025-та година. Воениот буџет ќе биде 2,5 отсто од БДП, чиј најголем дел ќе се користи за модернизација.

Македонија веќе го исполнува прагот на НАТО од 2 проценти воен буџет, а доколку има можности, тој може и да биде поголем.

До крајот на идната година, Армијата ќе добие 96 лесни оклопни возила и 42 оклопни транспортери. Ќе пристигне и новиот противвоздушен систем „Мистрал“ и ќе почне набавката на 8 воени хеликоптери.

Наредната година ќе бидат примени 300 нови професионални војници и 60 цивилни лица за критични професии. Нема да има задолжителен воен рок, но граѓаните ќе може доброволно да служат.

 

Ирина Гелевска