Македонија

Викторија Трајков, учествуваше на РеСПА Академијата за интероперабилност 2024

24.12.2024 14:53

Заменик министерката за европски прашања, доцент д-р Викторија Трајков присуствуваше на дводневниот настан „РеСПА Академија за интероперабилност 2024“, кој се одржа во Велес. Настанот беше организиран со цел да поттикне размена на знаења, искуства и најдобри практики за унапредување на интероперабилноста во Северна Македонија...

Заменик министерката за европски прашања, доцент д-р Викторија Трајков присуствуваше на дводневниот настан „РеСПА Академија за интероперабилност 2024“, кој се одржа во Велес. Настанот беше организиран со цел да поттикне размена на знаења, искуства и најдобри практики за унапредување на интероперабилноста во Северна Македонија.

Во своето обраќање, заменик министерката Трајков истакна дека интероперабилноста е клучен сегмент за ефикасно функционирање на јавната администрација и за успешна дигитална трансформација, која е еден од приоритетите на реформската агенда на Северна Македонија. Таа посочи дека унапредувањето на размената на податоци и соработката меѓу институциите е неопходно за обезбедување на транспарентни и достапни јавни услуги за граѓаните.

Во рамките на Академијата беа дискутирани теми како што се рамката за интероперабилност на ЕУ и усогласувањето со националните политики, развојот на услуги за е-влада преку подобрена интероперабилност и успешни примери од Европската унија и Северна Македонија.

Заменик министерката Трајков ја нагласи важноста на ангажманот на сите засегнати страни – од носителите на одлуки до оперативното ниво – во спроведувањето на интероперабилноста. Таа изрази уверување дека преку вакви платформи за соработка и размена на знаења, нашата држава ќе продолжи да прави значајни чекори напред во процесот на европска интеграција.