Македонија

Забрана на движење на товарни возила на патниот правец кон Деве Баир

24.12.2024 17:00

Во пладневниот извештај на Македонија пат се вели дека сите државни патишта и планински превои се проодни. Забраната за движење на товарни возила сè уште на сила беше само на патниот правец кон граничниот премин Деве Баир...

Синоќешните времени мерки за забрана на движење на товарни возила на повеќе делници и планински превои веќе се минато. Единствено забраната на сила за товарни е за оние кои се движат на патниот правец кон Граничниот премин Деве Баир. На планинските превои сообраќајот се одвива нормално и во зимски услови

Дежурната екипа на пунктот вели дека по обилните врнежи синоќа беше вистински метеж. Иако веднаш се интервенирало со четири камиони, застојот на сообраќајот и забраната за движење на тешки товарни возила била неминовна. Причините, велат, и овојпат банални, предизвикани од несовесно возачи.

Денес врнежите од снег минимални, но магливото време и минусните температури не даваа можност за некое поголемо опуштање велат. од Македонија пат.

Но и покрај оптимистичките прогнози. остануваат препораките без потреба да не се трга на подолг пат и возилата да се управуваат согласно со патната сигнализација и во зимски услови, со поседување на зимска опрема.

 

Стевче Митревски