Кривичен ја одби жалбата на одбраната на Груби за мерката притвор
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за изречената мерка притвор и го потврди решението на судија на претходна постапка, соопштија од судот.

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за изречената мерка притвор и го потврди решението на судија на претходна постапка, соопштија од судот.
Груби сè уште е недостапен за органите на прогонот. На 17-ти декември судија на претходна постапка, постапувајќи по предлог на јавниот обвинител за определување мерка притвор против две лица, поврзани со истрагата за „Државна лотарија“, а по добиено известие од МВР дека истите се недостапни за органите, им определи мерка притвор во траење од 30 дена, која треба да започнеа да се спроведува од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода.
