ОЈО ГОКК: За тројца од „Организаторите на 27 април“ треба да важи амнестијата
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција смета дека амнестијата треба да важи и за Јанакиески, Ристоски и Вељаноски. Поради ваквиот расплет, денешното рочиште од судскиот процес за случајот „Организатори на 27 април“, кој вторпат се води во Кривичниот суд е одложно и презакажано за 23-ти јануари, кога Кривичен треба да донесе да донесе одлука..

Пресврт во судењето за тројца поранешни високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, откако Обвинителството дало мислење дека судењето за обвинетите во случајот познат како „Организатори на 27 април‘, за Трајко Вељановски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски треба да запре, бидејќи претходно биле амнестирани, согласно законот за амнестија.
„Обвинетите бараат примена на овој закон, кое нешто како уставно право секако им припаѓа, да се повикаат на примена на институтот кој е отелотворен во донесениот закон за амнестија. Оттука барањето на одбраната за примена на законот, за нивен еднаков третман пред законот како и останатите осомничени и обвинети кои добија амнестија врз основа на истиот закон е нешто кое не може да се спори“, стои во соопштението од Обвинителството.
Судењето за тројцата обвинети како организатори на настаните се одржува откако предметот беше вратен по жалба на Апелација.
Одлуката како понатаму ќе се постапува, судијата ќе ја донесе на следното рочиште, закажано за на 23-ти јануари.
За четвртообвинетиот во случајот, Владимир Атанасовски, како што се објаснува од Обвинителството, не може да се примени овој правен институт, бидејќи за него важат исклучоците од амнестијата која ја дал законодавецот со своето законско решение.
Марина Стојанова – Тонева
