Михајло Пупин во 1919 година барал Автономија за Македонија
Непознати податоци за неговиот однос кон Македонија на изумителот на бежичната телеграфија, рентгенеологијата и основач на НАСА...

Во полемиката што се води во Србија во одбележувањето на 160 години од раѓањето и потеклото на научникот Михајло Пупин, се појави и книгата за Пупиновата дипломатија. Авторот, Жељко Шаин наведува архивски податок според кој Пупин како учесник на Париската мировна конференција во 1919 година барал Автономија на Македонија.
„Имаше една седница на која се расправаше за Автономија на Македонија на 2 Декември 1919 г. Бидејќи Пупин и Вилсон се залагаа за Автономија на Македонија, тогаш српската делегација поастави прашање да се разговара со Пупин и со Вилсон, автономијата на Македонија да не се усвои и таа во тогашна Југославија да влезе како Стара Србија и на тој начин да има своја автоноија“, рече Жељко Шаин, новинар, автор на книгата „Ѕвона на слободата-Пупиновата дипломатија“.
Нови податоци за Пупиновото потекло и односот кон Македонија, ни дава и македонецот од Белград-Виктор Шеќеровски, кој ги истражува културните врски на личностите со потекло од Македонија во Србија.
„Меѓу првите мигранти од Македонија на овие простори во 18 век е и фамилијата на Пупин. Фактите дека никогаш не ги заборавил корените се следни. На Берлинскиот конгрес барал Автономија за Македонија во Османлиската империја. На Париската мировна конференција исто бара бенефиции за Македонија. Помогнал некои делови на западна Македонија да не припаднат на Албанија. Во 1914 г. основал фонд за македонските деца. Подарил неколку ѕвона на црви меѓу кои и едно на Св.Климентовата црква во Охрид“, изјави Виктор Шеќеровски. член на Друштвото на писатели на Р.Србија.
Пупин никогаш не бил во Вевчани, но бил свесен за потеклото -заклучува Шеќеровски.
Покрај Михајло Пупин-и Никола Пашиќ, Коча Поповиќ, Бранислав Нушиќ. Коста Абрашевиќ- се се тоа познати личности кои потекнуваат од бројните македонски миграции во Србија. А слабо се истражени кај нас.
Оливер Бранковиќ
