Клиника за пластична хирургија: Да не се користи пиротехника за парзниците
Петардите не се играчка, нивното користење е забрането. Изминативе години лекарите од Пластична хирургија биле сведоци на животозагрозувачки повреди настанати при експлозија на петарди. Годинава немале вакви пациенти, се надеваат дека така и ќе остане. Само во декември пронајдени и одземени се околу 138 илјади петарди, велат од МВР...

Малолетници завршуваат на Клиниката за пластична хирургија без прсти, со оштетени очи, изгореници и тешки повреди на телото од користење на пиротехнички средства за празниците. Мала експлозија може да доведе до траен инвалидитет – хирурзите укажуваат на сериозните последици од петардите. Годинава немале вакви пациенти, се надеваат дека така ќе помине и новогодишната ноќ. Изминативе години биле сведоци на животозагрозувачки повреди настанати при експлозија на петарди.
„Апел до сите, не само до најмладите, бидејќи кај нас доаѓаат и повозрасни пациенти, на мое дежурство има дојдено 74 годишен дедо којшто ја зел петардата од својот внук седумгодишен внук, за да не испука во раката на внукот испукува во раката на дедото кој останува без три прсти на шаката. Секој кој ќе посегне кон употреба кон овие пиротехнички средства може да се стекне со инвалидитет којшто ќе му ја одреди иднината за цел живот“, порача д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.
Лекари од пластична хирургија и МВР имаат едукативна кампања во средните училишта за опасностите од петардите.
Во текот на годинава полицијата поднесе 25 кривични пријави и заплени речиси 53 илјади парчиња петарди. Само во декември пак, пронајдени и одземени се околу 138 илјади петарди и над 400 пиротехнички средства, за што дополнително ќе се преземат мерки. Во текот на годината МВР во пресрет на новогодишните празници упати апел да не се употребуваат петарди и да се пријави нивната продажба.
Светската статистика покажува дека секоја година, повеќе од 150 илјади луѓе остануваат инвалиди поради користење пиротехнички средства. Надлежните со апел до младите, да не се впуштаат во забави кои можат да завршат со трагични последици.
Андријана Ѓурческа
