Македонија

Сиљановска – Давкова со честитка до христијанските верници кои го празнуваат Божиќ по Грегоријанскиот календар

24.12.2024 18:28

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова со честитка до христијанските верници кои го празнуваат Божиќ по Грегоријанскиот календар...

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова со честитка до христијанските верници кои го празнуваат Божиќ по Грегоријанскиот календар.

„Ви посакувам најсветлиот ден да внесе мир, љубов и радост во вашите срца и да вроди верба и надеж за похумана иднина. Божиќ е симбол на ново раѓање, нов и поубав живот. Нè потсетува на безусловната љубов, дарувањето и заедништвото и ни дава духовна сила и спокој. Радувајќи им се на празничните денови во топлината на нашите домови и во кругот на најблиските, да не заборавиме на нашиот заеднички дом – татковината. Да го чуваме и почитуваме нејзиното достоинство за да бидеме и самите достоинствени и почитувани“, се вели во честитката од претседателката Сиљановска-Давкова.