БЛИСКИ ИСТОК
Продолжуваат разговорите за постигнување договор меѓу Хамас и Израел
24.12.2024 19:52
Вчера, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека има „извесен напредок“ во напорите за постигнување примирје...

Разговорите за постигнување договор меѓу Хамас и Израел продолжуваат, потврдија од катарското МНР.
Вчера, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека има „извесен напредок“ во напорите за постигнување примирје.
Од околу 250 луѓе кои беа земени како заложници во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година што ја предизвика војната, околу 100 сè уште се во Појасот Газа, од кои најмалку една третина се верува дека се починати.
