Украина
Зеленски: Украинците сакаат да живеат мирно, да го видат сонцето, небото и божиќната ѕвезда
24.12.2024 20:32
Украина доби една милијарда долари од Велика Британија и Јапонија, во рамките на програма на Светска банка. Во божиќното обраќање, украинскиот претседател Зеленски истакна дека Украинците сакаат да живеат мирно на својата земја...

Украина доби една милијарда долари од Велика Британија и Јапонија, во рамките на програма на Светска банка. Средствата ќе бидат искористени за зајакнување економијата и во социјалната и хуманитарната сфера.
На фронтот продолжуваат жестоки битки.
Во божиќното обраќање, украинскиот претседател Зеленски истакна дека Украинците сакаат да живеат мирно на својата земја, да го видат сонцето, небото и божиќната ѕвезда, а не ирански беспилотни летала и руски проектили.
