СИРИЈА

Протести во Сирија поради палење на новогодишна елка

24.12.2024 19:02

Растат повиците до новата исламистичка власт да преземе чекори за заштита на малцинствата...

Протести во Сирија поради палење на новогодишна елка. Растат повиците до новата исламистичка власт да преземе чекори за заштита на малцинствата.

Главната фракција што ја предводеше офанзивата во која беше соборен сирискиот претседател Башар ал-Асад, соопшти дека поради инцидентот биле приведени странски борци.

Новото раководство претходно вети дека ќе ги заштитат правата и слободите на верските и етничките малцинства.