Временска прогноза

Oблачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег

25.12.2024 08:04

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h...

Претежно облачно и студено со повремени локални врнежи од дожд во делови од Повардарието и од снег во повеќе останати делови од земјата а особено на северозападот и на северот. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -6 до 2°C, а максималната од 0 до 6°C.

Во Скопје, облачно и студено од изутрина во делови од регионот со повремен снег кој во средината на денот ќе преминува во повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.