Задругите да се вратат на село
Задругарството да се врати во селата по теркот на другите европски земји, советуваат експертите. Целта е земјоделците да ги намалат трошоците и заеднички повеќе да продаваат на пазарот. Последниве години кај нас се формирани 76 земјоделски задруги, од кои 50-сетина се активни...

Задругите да се вратат на село, порачуваат експертите. Од 2013 година кога е донесен Законот, во нашата земја, се регистрирани и работат повеќе од педесет земјоделски задруги, но сите не ги исполнуваат законските услови за добивање на финансиска поддршка и помош.
Задруги има во речиси сите региони од државата, а се формирани со цел со заедничко работење да го зголемат производството, да ги намалат трошоците, да го зголемат пласманот и повеќе да продаваат на пазарот како и за маркетиншки и промотивни активности.
Задругите во своето работење најчесто се занимаваат со повеќе земјоделски дејности што е резултат на македонското поднебје, на иста површина да успеваат повеќе сорти и во едно стопанство да се произведуваат повеќе различни култури.
Помал дел од нив се специјализирани само за една гранка, како на пример за овоштарството, лозарството, пчеларството или за производството на ориз.
Со сегашниот модел за финансиска поддршка на задругите им следуваат скоро 3 милиони денари за субвенции, односно помош од државата.
Методија Трајков
