Украина

Зеленски со божиќна порака за мир

25.12.2024 08:17

Во божиќното обраќање, украинскиот претседател Зеленски истакна дека Украинците сакаат да живеат мирно на својата земја...

Во божиќното обраќање, украинскиот претседател Зеленски истакна дека Украинците сакаат да живеат мирно на својата земја.

„По втор пат го славиме Божиќ на ист датум како едно големо семејство, една земја. По втор пат во модерната историја, Божиќ ги обединува сите украинци. Се што ни треба е да живееме мирно во сопствената земја, да го видиме сонцето, нашето небо и во него – божиќна ѕвезда, а не ирански шахиди и руски проектили“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

На фронтот продолжуваат жестоки битки.

Најмалку едно лице загина, а 15 се ранети во нападот со балистичка ракета врз Кривји Рих, соопштија локалните власти. Министерството за одбрана на Русија наведува дека московските сили погодиле воени аеродроми, складишта за муниција и беспилотни летала на украинската армија.