Блиски Исток

Продолжуваат преговорите меѓу Израел и Хамас

25.12.2024 08:26

Седум лица загинаа во Газа, тројца Палестинци на Западниот брег во последните 24 часа...

Напнати денови на Блискиот Исток – Газа под оган додека чека мир. Седум лица загинаа во Газа, тројца Палестинци на Западниот брег во последните 24 часа.

„Преговорите сè уште се во тек. Како што знаете, во моментов во Доха се водат технички и процедурални преговори. Дополнително, има и други канали кои работат во различни контексти во Каиро. Како што знаете, координацијата е постојана и континуирана со нашите браќа во арапската република Египет“, изјави Маџид ал-Ансари, портпарол на МНР на Катар.

Израел се фокусира на борбата против јеменските Хути. Им нареди на своите дипломатски мисии во Европа да се обидат да добијат поддршка, Хутите да бидат прогласени за терористичка организација.