Забрани за сообраќај за тешки товарни возила на повеќе патни правци
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка (задолжителна употреба на зимска опрема за сите останати типови на возила) и на планинските премини Плетвар, Ѓавато, Стража и Маврово.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција од дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка (задолжителна употреба на зимска опрема за сите останати типови на возила) и на планинските премини Плетвар, Ѓавато, Стража и Маврово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
