БАЛКАНСКИ ПОЛУОСТРОВ
Снежното невреме направи проблеми во сообраќајот на Балканот
25.12.2024 08:40
Бранот изобилни снежни врнежи на Балканот се движи од Медитеранот кон исток и неговото влијание слабее. Вчера снегот ја зеде првата жртва во Србија...

Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија се борат со суровите зимски услови. Снежното невреме донесе прекини во сообраќајот. Бранот изобилни снежни врнежи на Балканот се движи од Медитеранот кон исток и неговото влијание слабее. Вчера снегот ја зеде првата жртва во Србија.
Во Црна Гора возач на автобусот кој превезувал ученици изгуби контрола, излетал од патот и се превртел. Нема повредени.
