Скопје
Советот на Град Скопје го изгласа буџетот за 2025
25.12.2024 08:41
Изнесува 140 милиони евра, што е рекордна сума досега. Беа поднесени 42 амандмани од повеќе политички партии...

Со 28 гласови „за“ и двајца „против“, Советот на град Скопје го изгласа буџетот за 2025 година. Изнесува 140 милиони евра, што е рекордна сума досега. Беа поднесени 42 амандмани од повеќе политички партии.
Дел од амандманите биле самостојно повлечени од предлагачите, а дел одбиени поради технички неправилности. Советниците дадоа зелено светло и за цената по изминат километар на приватните превозници да се зголеми за 20 денари.
