Култура

Министерот Љутков во посета на црквата Св. Ѓорѓи во Старо Нагоричане

25.12.2024 08:50

За време на посетата Љутков ќе се запознае со подготвителните активностите за конзервација на живописот на црквата...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе ја посети црквата Св. Ѓорѓи во Старо Нагоричане која претставува ремек-дело на XIV век, и во архитектонска и во сликарска смисла.

Како што најавија од Министерството, за време на посетата Љутков ќе се запознае со подготвителните активностите за конзервација на живописот на црквата и ќе даде изјава за медиуми.