Џикиќ: Ќе напредуваме уште повеќе, но смената на генерации е процес
Што покажаа трите натпревари коишто ги одигра македонската репрезентација на турнирот „Трофеј Македонија“ ?

Што покажаа трите натпревари коишто ги одигра македонската репрезентација на турнирот „Трофеј Македонија“ ?
„Покажаа една работа којашто е очигледен факт дека во оваа екипа имаме седум играчи коишто минатата сезона играле... малку или не играле воопшто. Едноставно, така е. Имаме двајца кошаркари коишто играле на повисоко ниво, Хендрикс и Војдан Стојановски. За сите останати, знаете и подобро од мене. И поради сето тоа, тешко е да се надомести тоа што не играле доволно“, вели Александар Џикиќ, селекторот на македонската кошаркарска репрезентација.
Има ли простор за напредок и за дополнително кревање на формата пред августовските квалификации за Евробаскетот?
„Мислам дека има простор. Колку повеќе ќе повторуваме некои работи, ќе стануваме се подобри. Тоа е едноставно така. Овие момци даваат се од себе, не можам да речам дека не се борат, но проблемот е што на некои од нив навиките се уште не им се формирани. Некои првпат играат за македонската репрезентација и тоа за нив е голема разлика во однос на нивниот досегашен кошаркарски живот. Првпат се среќаваат со некои барања коишто ќе мора да ги исполнат. Покрај сето тоа, преку ноќ им се промени и улогата. Претходно беа таканаречени помошни играчи, а сега мораат да го носат товарот. Тоа е процес. Може да го наречете промена на генерации, подмладување, прилагодување... Но, тоа се факти. Ова е репрезентацијата на Македонија. Им благодарам на оние коишто не гледаа во живо, нам ни е важно да бидат со нас и кога е добро, но и кога е лошо. Ќе биде и лошо со овој тим. Нам и тогаш ќе ни треба помош“, вели Џикиќ.
