Казахстан

Се урна патнички авион со 72 лица во Казахстан

25.12.2024 09:32

Казахстанските власти соопштија дека причина за падот најверојатно е судир на авионот со јато птици пред слетување на аеродромот во казахстанскиот град Актау...

Патнички авион со 72 лица се урна во Казахстан. Првично, 25 лица се спасени и се префрлени во болница, меѓу кои и едно дете. Летот од главниот град Баку за Грозни во Русија бил пренасочен поради магла.

Казахстанските власти соопштија дека причина за падот најверојатно е судир на авионот со јато птици пред слетување на аеродромот во казахстанскиот град Актау.