Божик

Католиците и дел од православните христијани го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик

25.12.2024 09:36

Верниците што се водат по грегоријанскиот календар го одбележуваат раѓањето христово – Божик. Во Витлеем, родното место на Исус Христос по вторпат празнувањето во сенка на војната во Газа. Раселените во Либан, пак, велат дека оваа година Божик е тажен за нив. Се што ни треба е да живееме мирно во сопствената земја, порака од украинскиот претседател Зеленски...

Католичките верници и дел од православните христијани, коишто се водат по Грегоријанскиот календар го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик. Во базиликата Свети Петар во Ватикан, Папата Франциск ги отвори „етитСве врати“, јубилеј што се слави на секои 25 години и се смета за време на мир, простување и помилување.

„Среде мрачноста на нашето време и нашиот свет, а има толку многу мрак во ова време. Ајде да размислиме за војните, за застреланите деца, за бомбардирањата во училиштата и болниците“, изјави Папата Франциск.

Во Витлеем, родното место на Исус Христос се одбележува Божиќ по вторпат под сенката на војната во Газа додека звуците на израелски дронови се слушаат насекаде.

„Божиќ во Витлеем е секогаш убав, но ова е втора година кога имаме тажен Божиќ. Не плашете се. Нема да дозволиме војната да ни го откаже животот“, порача кардинал Пицбала, врвен католички свештеник во Светата земја.

По војната меѓу Израел и Хезболах, раселените Либанци за Божик си посакаа крвопролевањето на југот да не се повтори.

„Не сме среќни. Не го чувствуваме Божиќниот дух, иако Божиќ е за љубов и радост и раѓањето на Исус“, изјави раселена од Алма ал-Шааб.

„Се надеваме на враќање на сите раселени лица. Точно е дека славиме Божиќ, но имаме болка во срцето“, рече Салим Абауд, поглавар во Сидон.

Пораки за мир испратија и православните Сиријци, кои годинава Божик го дочекаа во поинаква атмосфера по падот на режимот на Башар ал-Асад.

„Ние сме многу, среќни, оваа година е различна од сите други, ја има радоста, победата, новото раѓање на Сирија и раѓањето на Исус Христос.

Божик денеска слават и грчката, бугарската, романската, украинската и грузиската православна црква. Во божиќното обраќање, украинскиот претседател Зеленски истакна дека Украинците сакаат мир во својата земја.

„По втор пат го славиме Божиќ на ист датум како едно големо семејство, една земја. По втор пат во модерната историја, Божиќ ги обединува сите украинци. Се што ни треба е да живееме мирно во сопствената земја, да го видиме сонцето, нашето небо и во него – божиќна ѕвезда, а не ирански ракети и руски проектили“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

И додека во делови од земјата ѕвечка оружјето, честитка за Божик пристигна од вселената. Астронаутите на НАСА испратија празнични пораки.

 

Маријана Димовска