МВР
Приведен криминалец баран со потерница
25.12.2024 21:41
Вчера во 06.05 часот на ул.„Дижонска“ во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Б.У. (50) од Скопје, информираат од МВР...

Вчера во 06.05 часот на ул.„Дижонска“ во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Б.У. (50) од Скопје, информираат од МВР.
Тој бил баран со потерница за затворска казна од една година во врска со чл.292, тешки дела против општата сигурност од КЗ.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
