Фудбал

Клубот на Валенсија доби нов тренер

25.12.2024 10:19

Валенсија доцна синоќа го потврдија новиот тренер и тоа Карлос Кобреран кој го напушти Вест Бромвич Албион за да се пресели во клубот каде што настапува нашиот Столе Димитриевски...

Од редовите на Валенсија доцна синоќа го потврдија новиот тренер и тоа Карлос Кобреран кој го напушти Вест Бромвич Албион за да се пресели во клубот каде што настапува нашиот Столе Димитриевски. Клубот потврди дека го информирал Вест Брмович дека ќе ја искористи опцијата која ја има во договорот со англискиот клуб.

Во прашање е малку познат тренер кој освен во ВБА работеше во: Олимпијакос, Хадерсфилд, Лидс, Ермис и Докса.

Дел од Валенсија Кобреран бил и како фудбалер, но само во младинската школа и подоцна во вториот тим како сениор.