Економија

Дурмиши: Доколку трговците не ги намалат цените, ќе ги ограничиме профитните маржи и цени

25.12.2024 12:02

Министерот за економија ги повика трговците да ги коригираат цените на најпотребните производи во овој период на празници…

Доколку трговците нe покажат поголема општествена одговорност и не ги намалат цените на основните производи кои не се во Новогодишната кошница, ќе донесеме поригорозни мерки како ограничување на профитни маржи и цени, најави денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Дурмиши истакна дека екипите на Државниот пазарен инспекторат се на терен и прават анализи како се движеле цените во изминатите три месеци. За два до три дена ќе завршат анализите по што ќе се донесе одлука дали ќе се донесат поригорозни мерки.