Земјоделство

Трипуновски: Македонскиот тутун е баран во странство и оваа гранка не смее да згасне

25.12.2024 12:58

И покрај препораките на одредени меѓународни финансиски институции да не се субвенционира тутунот, министерот е категоричен дека е традиционален македонски производ баран во светот кој не смее да се дозволи да згасне...

Падот на земјоделското производство се должи на исплатата на заостанати обврски кон земјоделците почнувајќи од 2020-та заклучно со тековната година, вели ресорниот министер Трипуновски. Според него, за Македонија повторно да биде лидер во земјоделското производство неопходно е да се врати довербата кај земјоделците и да финансиски се поддржат.

И покрај забелешките на одредени меѓународни финансиски институции да не се субвенционира тутунот, Трипуновски е категоричен дека македонскиот тутун е баран во странство и оваа гранка не смее да се дозволи да згасне, па затоа и годинава има рекордна цена.

Приоритет при субвенционирањето за следната година ќе бидат млекопроизводителите, производството на житни култури, градинарството и овоштарството.

 

Александра Велинова