Гризман во правец на Мадрид

28.07.2014 14:38

Францускиот репрезентативец Антоан Гризман е новото засилување на Атлетико Мадрид, пишува шпанскиот спортски весник Марка.

Офанзивниот фудбалер за врска ги договорил деталите на трансферот од Реал Сосиедад вреден 30 милиони евра и по медицинските прегледи официјално ќе биде промовиран во играч на актуелниот шпански шампион.

23 годишниот интернационалец одигра одлична сезона во прволигашот од Сан Себастијан, постигнувајки 16 гола а беше дел и од француската селекција која стигна до четвртфиналето на Мундијалот во Бразил оваа година.

Гризман кој настапуваше за сите младински репрезентации на Франција, пет сезони го носеше дресот на Реал Сосиедад и на 179 натпревари постигна 49 гола.