Во сообраќајна несреќа загина 8 месечно бебе

28.07.2014 15:36

Згоелемен е бројот на регистрирани сообраќајни прекршоци за 4%. Најголем пораст е забележан од автопатната полиција. Од МВР со нова мерка за подобрување на состојбата во сообраќајот. Изутринава сообрќајна несреќа во која загина 8 месечно бебе ја потресе јавноста..

Загина 8 месечно бебе а 7 мина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што изутрината се случи на патот меѓу Демир Капија и Удово.  Кај месноста Арсова Лака, во директен судир меѓу две патнички моторни возила со српски регистерски ознаки.

„Се работи за Форд Фиеста и за Шкода Фабија, несреќата се случила во моментот кога возилата се разминувале и во оваа сообраќајна несреќа починато е едно 8 месечно бебе на патот до болницата во Велес“, ијави минстерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Четворица од повредените лица се во тешка здравствена состојба и се пренесени во Скопје велат од МВР. Останатите се во болница во Велес.

МВР работи на подигнувањето на сообраќајната култура. Според  статистиката зголемен е бројот на регистрирани сообраќајни прекршоци за 4%, а најголем пораст е забележан од автопатната полиција.  Утврдено е дека во прекшочниот дел, возачите најмногу грешарт поради консумирањето алкохол, брзо возење, управување без возачка дозвола. Со новиот проект, граѓаните ќе можат на интернет страницата на МВР да испратат информација или забелешка за одредени неправилности на одредени места во земјава.

„Потребно е да ни ја наведат локацијата и временскиот период во кој најчесто ги забележале овие појави без разлика дали станува збор за брзо возење, некакви трки, непрописно паркирање или други непочитувања на сообраќајната сигнализација“, рече Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи.

По завршување на контролата од страна на министерството повратно ќе бидат известени граѓаните за превземените мерки, констатираната состојба и изречени санкции.

Ана Јосифоска Тодоровска