Македонија

Заменик министерката Трајков го посети INNOX.MK – иновативен центар за технолошки развој

25.12.2024 21:25

За време на посетата, заменик министерката имаше можност да се запознае со најновите проекти и решенија развиени во Центарот, кои се насочени кон иновации и подобрување на економската конкурентност на земјата...

Заменик министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ, Викторија Трајков, го посети INNOX.MK – иновативниот центар посветен на технолошки развој, дигитализација и поддршка на стартап екосистемот во Македонија.

За време на посетата, заменик министерката имаше можност да се запознае со најновите проекти и решенија развиени во Центарот, кои се насочени кон иновации и подобрување на економската конкурентност на земјата.

„INNOX.MK е одличен пример за тоа како младите таленти и иновациите можат да го поттикнат развојот на Македонија. Владата е посветена на поддршка на вакви центри кои се клучни за дигиталната трансформација и зајакнување на економијата,“ изјави Трајков.

Посетата ја заврши со пофалби за тимот на INNOX.MK и уверување дека Министерството за европски прашања ќе продолжи да ги поддржува иницијативите кои придонесуваат за технолошкиот напредок на земјата.