Обвинителството бара МВР да открие дали е достапен Васко Ковачевски
Првиот човек на полицијата Тошковски тврди дека Васко Ковачевски веќе подолго време е надвор од државата. Обвинителството сега чека МВР да открие дали Ковачевски е достапен, а потоа ќе преземат соодветни мерки...

Ексдиректорот на ЕСМ Васко Ковачевски, осомничен за злоупотреба на службена должност и штета од 6,5 милиони, не бил најден на адресата на живеење, велат од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Обвинителството сега чека МВР да открие дали Ковачевски е достапен, а потоа ќе преземат соодветни мерки. Засега обвинителот во случајот на Ковачевски бара само мерки на претпазливост, но тие може да се сменат согласно наодите на МВР.
Првиот човек на полицијата Тошковски тврди дека Васко Ковачевски веќе подолго време е надвор од државата. Истрагата на МВР е поврзана со работењето на РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино во времето кога Васко Ковачевски, член на СДСМ и близок соработник на експремиерот Зоран Заев, бил директор. Сите што се огрешиле пред Законот треба да одговараат, но да се почитува презумцијата на невиност и да не се жигосуваат лицата пред докажување вина во фер судска постапка, велат од СДСМ.
Ексдиректорот на ЕСМ Васко Ковачевски е осомничен во случајот за злоупотреба со местење тендери и ја оштетил државата за 6,5 милиони евра. Против Ковачевски води две постапки. Едната како директор на ЕСМ, а другата за злоупотреба во време додека бил прв човек на термоелектраната Битола.
Ирина Гелевска
