Аргентинскиот пенал-мајстор во Бенфика
Голманот на аргентинската фудбалска репрезентација Серхио Ромеро ќе го облече дресот на португалскиот шампион Бенфика, објави италијанскиот спортски дневник Газета дело Спорт.
Бенфика одработи одлична трансфер задача, откако од Сампдорија го доби Ромеро за само еден милион евра. Аргентинецот минатата сезона беше позајмен на Монако каде што само три пати бранеше за францускиот прволигаш.
Но, на Светското првенство во Бразил беше клучна фигура на „гаучосите“ во полуфиналниот двобој со Холандија, кога со два одбранети пенала ги однесе во големото финале.

Ромеро во Бенфика доаѓа како замена за словенечкиот чувар на мрежата Јан Облак, кој мина во Атлетико Мадрид да го замени Тибо Куртоа. Белгиецот го напушти европскиот вицешампион и се врати во матичниот Челзи.
27 годишниот голман одигра само пет натпревари во Аргентина за Расинг клуб пред 7 сезони, од 2007-2011 имаше 90 настапи за Аз Алкмар а во трите наредни сезони на 61 натпревар го бранеше голот на италијанскиот прволигаш Сампдорија.