Македонија

Честитки од државниот врв и партиите до верниците кои денес го празнуваат Божиќ

25.12.2024 14:59

Радувајќи им се на празничните денови во топлината на нашите домови и во кругот на најблиските, да нѐ заборавиме на нашиот заеднички дом – татковината. Да го чуваме и почитуваме нејзиното достоинство за да бидеме и самите достоинствени и почитувани, се вели во честитката од претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Честитки до верниците кои го празнуваат Божиќ по Грегоријанскиот календар од државниот врв и партиите. Божиќ е симбол на ново раѓање, нов и поубав живот. Радувајќи им се на празничните денови во топлината на нашите домови и во кругот на најблиските, да нѐ заборавиме на нашиот заеднички дом – татковината. Да го чуваме и почитуваме нејзиното достоинство за да бидеме и самите достоинствени и почитувани, се вели во честитката од претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Божиќ е празник на мирот, љубовта и надежта, кој ги обединува луѓето во споделување на хуманите вредности во духот на меѓусебна почит и разбирање. Нека овие празнични денови донесат радост и спокој во срцата на сите католички верници во нашата држава, напиша собранискиот спикер Гаши.

Само преку силната вера и посветеност кон правењето добри дела можеме да создадеме подобро утре за целата држава. Нека нашата татковина биде подобро место за живеење, земја на нови големи победи и најважно, држава со повеќе среќни граѓани, порача во честитката премиерот Христијан Мицкоски.

Во овие празнични денови да го насочиме вниманието кон вистинските вредности за солидарност, почит, меѓусебно разбирање и грижа едни за други. Само така можат да се пребродат и најтешките искушенија, вели лидерот на социјалдемократите, Венко Филипче во честитката.