Годишно обраќање во Собранието

Сиљановска Давкова: Храбри чекори кон ЕУ, борба против корупција и враќање на довербата во судството

25.12.2024 16:38

Време е за храбри чекори кон ЕУ. Уставни измени со одложено дејство се вин-ситуација и за нас и за Бугарија. Претседателката Сиљановска Давкова со порака на годишното обраќање-реформите не се кројат за бриселските бирократи, туку за македонските граѓани…

Жестоки критики за политиката за проширување на Европската унија, консензус од сите политички чинители за прашањата од национален интерес, некомпромисна борба против криминалот и корупцијата, порака во едночасовниот говор на претседателката Гордана Сиљановска Давкова во новогодишното обраќање пред пратениците. Повика европската унија да се охрабри, да не ги повторува грешките и да го реинтегрира западниот Балкан, тоа според неа ќе биде мотив што ќе гарантира траен мир. Единствено решение за Сиљановска Давкова се одложено дејство на уставите измени, вели дека ја навредува прашањето кога Македонија ќе ги спроведе промените во преамбулата, за кои вели дека не се дел од договорот за добрососедство со Бугарија.

Шефицата на државата фасцинирана од поставеноста и исполнителноста на македонската Армија, која според неа има заслужено највисок рејтинг кај граѓаните, но посочи дека секогаш има простор за нејзино унапредување и модернизирање за што заеднички ќе работи со министерот за одбрана.

Сиљановска Давкова со критика за правосудниот систем. Порача дека правдата во Македонија е загрозена поради, како што вели, ендемската корупција и организираниот криминал, што заедно со судирот на интереси, непотизмот и клиентелизмот, го поништуваат владеењето на правото, ги обезвреднуваат институциите, ги иселуваат младите.

Сиљановска Давкова со поддршка на напорите за сузбивање на криминалот и корупцијата. Вели дека во таа борба ја имаат довербата од македонските граѓани и поддршката од стратешките партнери, вклучително и со дополнувањето на црната листа, рече во говорот претседателката Сиљановска.

 

Викторија Милевска