Текстилната индустрија

Текстилната индустрија со големи предизвици во 2025

25.12.2024 17:41

Текстилната индустрија оваа година ја смета за една од најтешките, а бројните предизвици остануваат и во 2025. За оние кои работат сопствено производство мора да се работи на преструктуирањето на индустријата, дисперзијата на пазарот и обука на професионален кадар кој може да ја зголеми продуктивноста …

Откажување на странските партнери, недостигот од професионална работна рака, зависноста од одредени европски партнери каде сега е рецесија, неконкурентност со цената, ниската продуктивност се главните проблеми со кои се соочува текстилната индустрија која оваа ја смета за една од најтешките години.

Кластерот текстил смета дека сличните предизвици ќе ги следат и догодина.

За оние со сопствено производство има иднина во текстилот, но со преструктурирања, дисперзија на пазарот, обука на професионален кадар кој ќе ја зголеми продуктивност.

За текстилците, и државната поддршка би била добредојдена.

 

Елизабета Митреска