Временска прогноза
Oблачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег
26.12.2024 08:02
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h...

Променливо облачно и студено со повремен локален снег во северните делови од земјата, а во југоисточните со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 2°C, а максималната од 1 до 7°C.
Во Скопје, облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег, а во повисоките делови од котлината со повремен снег. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
