Наскоро нови огласи за закуп на земјиште

26.12.2024 08:05

Наскоро треба да бидат распишани 5 нови јавни повици за закуп на државно земјоделско земјиште од кој еден за легализација на веќе подигнати долгогодишни насади. Целта е со распределба на парцелите да се зголеми ефикасноста и земјоделското производството …

Деновиве треба да се објават четири јавни повици за закуп на државно земјоделско земјиште и еден за легализација на веќе подигнати долгогодишни насади.

Огласите може да бидат само за закуп на парцели поголеми или само за помали од 3 хектари.

Право на учество ќе имаат домашни физички и правни и странски правни лица.

Закупот на земјиштето во државна сопственост за подигање на долгогодишни насади и оранжерии е 30 години. За лешниците е најдолг, до 70, а за маслинарници до 50 години.

Рокот за одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејства е за период до 15 години. За брзорастечки дрвја на на надморска височина над 700 метри е до 30 и за рибници до 20 години.

Еден земјоделец со една понуда може да аплицира за еден или за повеќе региони.

На огласите за закуп ќе може да се аплицира 30 дена од нивното објавување.

 

Методија Трајков