Денеска во Собранието заседаваат две комисии
Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за култура и туризам и Законодавно- правната комисија...

Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за култура и туризам и Законодавно- правната комисија.
На дневен ред на Законодавно-правната комисија се 50 точки – Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Централен регистар на население, Предлог на законот за изменување на Законот за финансиска дисциплина, Предлог на законот за изменување на Законот за административните такси, Предлог на законот за изменување на Законот за даночна постапка, Предлог на законот за изменување на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, Предлог на законот за изменување на Законот за супервизија на осигурување, Предлог на законот за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Предлог на законот за изменување на Законот за државната ревизија, Предлог на законот за изменување на Законот за хартии од вредност, Предлог на законот за изменување на Законот за Управата за јавни приходи, Предлог на законот за изменување на Царинскиот закон, Предлог на законот за изменување на Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за администрирање на социјалното осигурување, Предлог на законот за изменување на Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, Предлог на законот за изменување на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за унапредување на социјалните услуги, сите во второ читање.
