Казахстан: Се прават вештачења и идентификација на жртвите
Од прес- службата на азербејџанските авиолинии тврдат дека урнатиот воздухоплов поминал технички преглед, а пилотот бил искусен. Причините за несреќата сè уште се истражуваат.

Казахстанските власти ги потврдија официјалните бројки на жртвите на кобниот лет од Баку до Грозни-38 луѓе загинаа, 29 се повредени од кои 11 критични – потврди вицепремиерот кој ги посети преживеаните. Се прават вештачења и идентификација на жртвите.
„Ќе направиме вештачења за да утврдиме кој е кој. Дел можат да се идентификуваат, но дел за жал, не. 29 лица се живи, 27 се во оваа додека две во детската болница“, изјави Канат Бозумбаев, вицепремиер на Казахстан.
Од прес- службата на азербејџанските авиолинии тврдат дека урнатиот воздухоплов поминал технички преглед, а пилотот бил искусен. Причините за несреќата сè уште се истражуваат.
„Има различни теории за причините на несреќата, но верувам дека е прерано да се дискутира за нив, мора темелно да се истражат. Покрената е кривична постапка и јавноста редовно ќе биде информирана“, изјави Илхам Алиев, претседателот на Азербејџан.
Како можни причини за пренасочување на леталото пред несреќата се наведуваат густата магла или удар во јато птици.
