САД

Возило влета во толпа луѓе во Њујорк

26.12.2024 09:05

Повредени се шестмина, од кои тројца се пренесени в болница, меѓу нив е и 9-годишно дете.

Хорор во Њујорк. Такси возило влета во толпа луѓе во центарот на Менхетен на плоштадот Хералд. Повредени се шестмина, од кои тројца се пренесени в болница, меѓу нив е и 9-годишно дете.

Возачот останал на местото на настанот-потврди полицијата. Покрената е истрага која треба да утврди дали несреќата била намерна, или возачот доживеал здравствен проблем.